
Erasmus Days или Еразмус денови е настан кој го слави успехот на програмата и ги прикажува придобивките од искуствата за учење кои го менуваат животот на сите учесници во истата.
Во 2021 година, 5.670 настани беа организирани во 67 земји ширум светот од страна на корисниците на програмата Еразмус+ преку изложби, концерти, натпревари, семинари, партнерски мрежи, отворени денови…
Нашето училиште кое успешно учествува во спроведувањето на повеќе проекти се приклучува на #ErasmusDays2022 со две видеа во кои се презентирани постерите изработени од меѓународни тимови ученици во рамките на проектот Lonely Planet or Digitally Connected и впечатоците на некои од учесниците од учеството во Еразмус проектите.
#erasmusdays2022 #erasmusplus
Видео за настанот можете да видите ТУКА