Во текот на вчерашниот ден, се одржа општинско првенство во атлетика за основни и средни училишта, Охрид 2022 во организација на сојуз за училишен спорт и со покровителство на Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид
Се реализираа следните дисциплини:
Трчање 60m, трчање 100m, трчање 300m трчање 600m, трчање 800m, скок височина, скок во далечина и фрлање ѓуле.
Нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:
Трчање на 100 метри во женска конкуренција: 1 место за Софија Коруноска и 3 место за Јована Кецкарова.
Трчање на 100 метри машка конкуренција: 3 место за Бојан Секулоски
Скок во далечина во женска конкуренција: 2 место за Софија Коруноска и 3 место за Миа Спироска
Скок во далечина во машка конкуренција: 3 место за Дејан Ристески
Трчање на 600 метри во женска конкуренција: 1 место за Евгенија Огненова, 2 место за Јоана Јоноска и 3 место за Јована Кецкарова
Трчање на 800 метри во машка конкуренција: 2 место за Стефан Андоноски и 3 место за Дамјан Недески
Скок во височина во женска конкуренција: 2 место за Софија Балоска и 3 место за Миа Спироска
Скок во височина во машка конкуренција: 1 место за Владимир Наумоски и 2 место за Бојан Секулоски
Фрлање ѓуле во женска конкуренција: 1 место за Сања Јовеска, 2 место за Ангела Ѓоршеска и 3 место за Калина Наумоска