
На 2.11. 2022 просториите на МЦО се одржа дискусија на тема “Демократско учество на младите во креирање на можности и политики за вработување” во рамки на проектот NEUEYT за младинско учество кој го имплементира “ПОРАКА НОВА”.
На настанот се дискутираше за тоа колку младите се запознаени со политиките за вработување и можностите и кој е нивниот придонес за намалување на невработеноста. На оваа дискусија присуствуваа 8 ученици од нашето училиште во придружба на еден професор и педагогот



Исто така,вчера ,во просториите на Младинскиот центар нашите ученици присуствуваа на обуката ,,Вештини за успех”. Оваа обука преку конкретни чекори, интерактивни дискусии во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис е создадена да го поттикне дополнителниот напор за подобри резултати во барањето работа на младите.
Обуките се дел од програмата ,,Вештини за успех ” на Пивара Скопје. Досега овие обуки ги имаат посетено повеќе од 6400 млади.


Благодарност до Младинскиот Центар Охрид за овие покани и се надеваме дека ќе се продлабочи соработката меѓу нашите институции.