
Минатиот период, нашата гимназија ја посети Валентина Божиновска , професор д-р на ФДУ. Таа оствари работна средба со дел од професорите од Активот по македонски јазик и литература. На средбата стана збор за правилната употреба на македонскиот јазик во наставата како и современите проблеми со правоговорот и правописот на македонскиот јазик кај нашите ученици во услови на сè поголема зависност од мобилните телефони и интернет комуникацијата .

