Обука на нашите средношколци по прва помош од страна на Црвениот крст

Вчера, во просториите на нашето училиште, учениците беа дел од бесплатната обуката за прва помош одржана од страна на лиценциран предавач/демонстратор при општинската организација на Црвениот крст. Оваа обука која ги опфати учениците од прва и втора година е дел од кампањата по прва помош под мотото „Првата помош спасува живот“. Оваа кампања е започната во мај 2022 година и е планирано до крајот на годината да опфати 25 000 ученици од основните и средните училишта на земјата. На обуката, учениците имаа можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.