Преведувачка работилница во нашето училиште

Во организација на Активот за странски јазици на 17.11.2022 се одржа Преведувачка работилница. Учениците имаа можност да се запознаат со начинот на работа на литературен превод, односно со посебниот пристап кој е потребен при работа на поезија. Работеа на препев на поезија од македонски автори. Работилницата е подготовка за прославата на Патронатот на училиштето, кога учениците ќе имаат можност да ја рецитираат поезијата на чиј препев работеле.