
Во рамките на Еразмус + проектот “Flipping home and school in teaching/learning process” – “Промена на улогите на домот и училиштето во процесот на предавање/учење” екипа од нашето училиште беше во посета на Агилас, Шпанија од 19 до 23 октомври 2022 година.
При оваа посета предвидени и реализирани беа работилници на следните теми: културно и историско наследство, почитување и разбирање на разликите меѓу луѓето, наставни методи и техники во училница и користење на слободното време со активности од забавно – рекреативен карактер. Со учење нови техники на предавање и учење преку мобилни апликации и интернет платформи (Miro, Symbaloo, Padlet) нашите ученички Теона Спасеска, Ана Томоска, Марија Јовческа и Андреа Мишевска придружувани од професорките Марија Чанова и Александра Томоска имаа можност да се запознаат со креативни начини на учење и предавање кои понатаму ќе можат да ги споделат со своите соученици и колеги.
Организаторите од Шпанија се покажаа како одлични домаќини и работниот престој во нивната земја беше многу високо оценет од сите учесници. Нашиот тим на ученици и наставници успешно ги финализира сите предвидени активности и се вратија со позитивни впечатоци од прекрасната Шпанија каде што имаа можност да научат не само за нејзината култура и историја, туку и со локалната храна, музика, танци.
Ваквите посети се од огромно значење за проширување на знаењето и хоризонтите на нашите ученици од каде што се враќаат збогатени со емоции и искуства кои ги инспирираат да учат и да работат уште повеќе и уште подобро.















