Почеток на нов Еразмус+ проект „Од отпад до уметност за одржлива иднина“

Нашата гимназија успешно започна уште еден Еразмус + проект „Од отпад до уметност за одржлива иднина“ во партнерство со Реунион, Турција, Португалија, Литванија и Романија. Во рамките на проектот координаторот проф. Вера Јовческа и проф. Даниела Спироска беа на состанок во Реунион од 22.11. до 26.11.2022 каде беа дефинирани активностите што ќе следат. Проектот ќе трае две години и е во насока на подигање на свеста и развивање на вештини за зачувување на животната средина и одржлив развој. Краток видео приказ од почетокот на проектот можете да видите ТУКА