Учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ дел од меѓународниот натпревар Дабар

Под менторство на професорите по информатика Елизабета Левеска, Ѓоко Доревски и Дарко Цветкоски, 229 ученици од I, II,III и IV година во периодот од 21 – 25 ноември 2022 учествуваа на интернационалниот натпревар Дабар. Дабар е глобален настан наменет за ученици од основните и средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Тој е исклучително популарен, се спроведува во 70 држави во светот и има добиено повеќе признанија и награди на разни научни конференции. Задачите се создадени со цел да ги мотивираат учениците да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата.

Исто така на натпреварот за роботика, електроника и вештачка интелигенција Robomac Junior 2022 – FEIT Skopje во Категорија 1. Паметна електроника за автономни возила 2 место и сребрен медал освои Филип Ѓорѓески, а во Категорија 2. Автономна мобилна роботика 4 место за Ева Китрозоска.

Повелете слики од двата настани