Учество на нашите ученици на натпреварот во роботика, електроника и вештачка интелигенија ROBOMAC Junior 2022

Во периодот од 30. 11 – 2 .12. 2022 учениците Ева Китрозоска и Филип Ѓорѓески под менторство на проф. Елизабета Левеска учествуваа на натпреварот во роботика, електроника и вештачка интелигенија ROBOMAC Junior 2022. Натпреварот се одржа во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во две натпреварувачки категории. Ева Китрозоска се натпреваруваше во категорија Автономна мобилна роботика и го освои 4 место. Се натпреварувавме во програмирање, управување и паметна навигација на мобилни Arduino роботи. Задачата беше со помош на Ардуино плочи да испрограмираме робот што ќе измине дадена патека во најкраток временски рок. Патеката се состоеше од три етапи: избегнување препреки, следење обележана со боја патека и памено паркирање, односно застанување на финиш маркерот. Овој натпревар беше едно прекрасно искуство за мене бидејќи стекнав големо знаење во нова област, а воедно и љубов за роботиката – ќе истакне Ева Во категорија Паметна електроника за автономни возила Филип Ѓорѓески го освои второто место и сребрен медал. Пред нас имавме предизвик – туркање препреки кои се наоѓаат во видно поле на автономно возило. Арената (полето за натпревар) се наоѓа на ниво на подот. Возилото се пушта во арената и се активира неговата програма. Значи имавме можност практично да работиме со вградливи компјутерски системи, електронски сензори, електрични мотори. Развиваме и имплементираме сoпствен алгоритми за интелигентно водење – извршување на специфичната задача (туркање препреки) и негово имплементирање во програмскиот јазик за вградлива Arduino платформа – вели Филип. Освен активностите во рамките на ROBOMAC Junior, кои во основа имаат натпреварувачки карактер, средношколците имаа можност да следат и неколку предавања на теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката.