
Вчера во НУ Центар за култура се одржа свечената академја по повод Патрониот празник на градот и Гимназијата. Се читаа стихови од нашиот професор и познат поет Славе Ѓорѓо Димоски од страна на рецитаторите под менторство на проф. Светлана Голабоска, во придружба на хорот под диригенство на проф. Александар Димоски и оркестарот под водство на проф. Љупчо Аслимоски.









