
Во рамките на подготовките за учество на општински натпревари по различни предмети, во петокот беше одржан училишен натпревар по предметот англиски јазик за учениците од прва и втора година. На овој натпревар во категорија ученици од прва година, првото место го освои ученичката Исидора Маркоска, а Бисера Вранишкоска освои второ место. Во втора година , првото место го поделија ученичките Јана Караилиевска и Катерина Балева. Овие ученички директно се пласираа за општинските натпревари што ќе се одржат во второто полугодие. Им посакуваме успех и да го продолжат натпреварувањето и на државно ниво.



