Kонкурс за учество во Еразмус+ проект

Во согласност со правилата од грантот за проектот: „From Waste to Art for a Sustainable World“ кој е финансиски поддржан и се спроведува во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“,  од Охрид  распишува

                                                             К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање за учество на  12  ученици од трета година што преку овој проект би биле вклучени во мобилностите на Еразмус+ проектот што ќе се одржат во Романија (16.1-21.1 2023г.), Португалија (месец октомври 2023 год.), Литванија (месец март  2024 г.),Франција (месец јануари 2024 г.)

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за овој проект треба да достават:

  • Мотивационо писмо;
  • Пополнат формулар (може да се преземе од кај педагошко-психолошката служба или од ТУКА).

Документацијата се доставува до секретарот на училиштето не подоцна од 21.12.2022 година.

Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум 23.12.2022 (петок) во 11:00 часот. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на англиски јазик  на една од следните теми:

1.How we can make art from waste for a better world

2. Eco recycling

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

  • Одличен успех од прво тромесечие од учебната 2022/2023 година
  • поведение
  • мотивационо писмо
  • усна презентација

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти.