Нашите ученици во посета на манифестацијата „Недела на шпански филмови 2022“

Синоќа во НУ Центар за култура “Григор Прличев“, започна циклусот „Недела на шпански филмови 2022“, во организација на Шпанската амбасада и Општина Охрид. И нашите ученици заедно со професорката Маријана Николеска Танеска ја посетија оваа манифестација. Најпрво беше отворена изложбата „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски, посветена на 140 годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо, а потоа беше прикажан филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер. Ова е убава прилика да се ужива во шпанската кинематографија и поблиску да се запознаеме со неа.