
Денес во посета на нашата Гимназија беше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и раководителот на Секторот за образование Димитар Спасески. При посетата, градоначалникот Пецаков оствари средба со членовите на училишниот хор и оркестар, како и рецитаторите и искажа голема благодарност до сите ученици и професори кои беа вклучени во подготовката и реализацијата на културната програма, со која беше одбележан денот на патронот на Охрид и нашата Гимназија ,Свети Климент Охридски. Исто така, Градоначалникот беше запознат со инвестициските зафати што се одвиваат во нашето училиште со цел да се подобри воспитно-образовниот процес.








