Јавен оглас бр.1/2023 за пополнување слободни работни места

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, Општинското средно училиште “Св.Климент Охридски” – Охрид, објавува

Јавен оглас бр.1/2023

за пополнување слободни работни места

1. ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид има потреба од вработување на:

Ред.бр.ШифраНазив на работното местоБрој на извршители
1ОБН 03 02 З03 001Наставник по математика1
2ОБН 03 02 З03 001Наставник по англиски јазик1

2. Работниот однос за работните места под бр.1 се заснова на определено време за замена на отсутен работник до враќање на работникот на работа, а најмногу до 31.08.2023 год. Работниот однос за работните места под бр.2 се заснова на определено време до крајот на учебната 2022/2023 година.

3. Работниот однос за работните места под бр.1  се заснова со неполно работно време со половина работно време (20 работни часа). Работниот однос за работното место под бр.2 се заснова со полно работно време.

4. Секој кандидат треба да ги исполнува општите услови:

– да е државјанин на Република Северна Македонија

            – активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо

– да е полнолетен

– да има општа здравствена способност за работното место и

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на   

   професија, дејност или должност

            Секој кандидат треба да ги исполнува посебните услови утврдени во член 3, односно чл.39 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта:

  • има завршено најмалку четири години соодветно високо образование согласно со нормативот за наставен кадар утврден во наставната програма, oдносно нормативот за стручни соработници и се има стекнато со најмалку 240 ЕКТС
  • има положено стручен испит. За наставник, односно стручен соработник може да биде примено и лице кое нема положено стручен испит најмногу до завршувањето на тековната учебна година.

5. Работното време изнесува 5 работни дена во неделата (од понеделник до петок) во две смени: првата започнува во 7.30 часот, а втората во 13.30 часот. Распоредот на работното време се врши согласно утврдениот распоред на часови на учениците.

            6. Основната нето плата за полно работно време за сите работни места изнесува 29.623 денари.

7. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во училиштето или да ја преземат од ТУКА

            Со пријавата кандидатите треба да приложат:

  • кратка биографија
  • доказ за завршено образование (уверение или диплома)
  • уверение за државјанство на Република Северна Македонија
  • уверение за положен стручен испит (доколку кандидатот има положено)

Пријавите заедно со прилозите се доставуваат лично во училиштето или по пошта на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид. Контакт лице Бојан Петровски тел.071 366118.

Огласот е отворен 3 работни дена од денот на објавувањето.

Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава  нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.

8. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на пријавите и веродостојноста на доставените податоци и доказите во прилог на пријаватата. Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 8 дена од истекот на рокот за пријавување.

ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид