Нашите гимназијалци во посета на Јаши, Романија – нов Еразмус + проект

Мобилност
Во рамките на Еразмус проектот „Од отпад до уметност за одржлива иднина“ во периодот од 16-21.1.2023 се одржа првата мобилност во Јаши, Романија. Нашата гимназија ја претставуваа професорките Вера Јовческа и Даниела Спироска и ученичките Драгана Каневче, Сара Ристоска и Марија Тодороска. Работилниците се одржуваа на Факултетот за агрономија и ветерина Јан Јонеску Де Ла Брад, а присутни беа и учесниците во проектот од Португалија, Реунион, Литванија и домаќините од Романија. Активностите на проектот се во насока на реализирање на следните цели: развивање на еколошката свест на учесниците, минимизирање на загадувањето на животната средина преку трансформирање на отпадот во корисни производи, креирање и користење на органски бои од био отпад наместо хемиски бои со што би се минимизирало ослободувањето на штетни хемикалии во природата, развивање на свеста кај учениците за грижа за иднината, развивање на креативноста на учесниците преку создавање уметнички дела со користење на различни отпадни материјали и развивање на социјалните вештини на учениците.
Покрај работилниците организирани во насока на реализација на овие цели, учесниците имаа можност да се запознаат со студентскиот живот и со културните знаменитости на Јаши.