ДЕМАНТ

Почитувана охридска јавност, Со неверување ги читаме изнесените информации од страна на одреден центар за лаги каде што се вели: „се укинати малите одмори помеѓу часовите… поради недисциплина на учениците“. Како сериозна воспитно-образовна институција го демантираме тоа затоа што такво нешто воопшто не постои и одговорно тврдиме дека таква Одлука нема, за што е доказ и денешниот наставен ден. Нема да дозволиме да се нарушува угледот на Гимназијата од страна на одреден политички центар кој не им мисли добро на учениците и бараме јавно да се извини. Препукувањата нека си ги зачуваат и искажат од советничкото место, но препорачуваме да ги тргнат рацете од децата затоа што со лагите докажуваат дека образованието за нив е „tabula rasa“.