
Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле“ во Охрид, со мотото „Биди и ти, ИТ девојка“ го одбележа Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката. Пред присутните се обрати проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, како и професорки, дипломки и студентки кои го пренесоја своето ИТ искуство.



