Нашето училиште, домаќин на  професорите Imanol Janices и Andoni Sagastbeltza од училиштето Jaso Ikastola, од Памплона, Шпанија во рамките на Еразмус + програмата

            Во рамките на Еразмус + програмата, нашето училиште беше домаќин на  професорите Imanol Janices и Andoni Sagastbeltza од училиштето Jaso Ikastola, од Памплона, Шпанија.

Нивниот проект К122 sch се однесува на размена на искуства помеѓу училиштата во Европа.  Преку театарската  работилница што ја  организираа во нашето училиште со учениците од јазичната паралелка во четврта година, нè запознаа со STEAM – методологијата во нивното училиште.

              Ни потенцираа дека Драмата за нив е клучна тема бидејќи  ги спојува физичкото образование  и литературата. Десет години со ред подготвуваат   моќни steam – проекти за музички театар и во овие проекти, учениците ги развиваат сите делови на мјузиклот, почнувајќи од сценариото, продолжувајќи со сценографија, пеење, глума, кореографии, дизајн, звук ,осветлување итн.Преку оваа размена се обидоа да ни ја  пренесат нивната пракса и знаењето за музичкиот театарски проект, како и да ја нагласат  неопходната  поврзаност на мјузиклите  со  физичкото образование. Патем, преку поединечни разговори со наши предметни наставници, се направи една паралела за сличностите и разликите во методолошкиот пристап  во наставата.

Исто така, директорката на охридската гимназија „ Св. Климент Охридски“ ,Светлана Велкоска, потпиша меморандум за соработка на двете гимназии, со што би продолжила соработката во полето размена на искуства во сферата на образовниот процес.