
Во рамките на истражувањето на Министерството за образование и наука, со цел да се добие подетален увид во перцепциите и ставовите во однос на меѓуетничката интеграција во образованието, на 14.02.2023 година во нашата гимназија се реализираа 4 фокус групи, меѓу кои две групи ученици на различна возраст, наставници и родители. Со претставникот на МОН, проф.Калина Сотироска и стручниот тим на училиштето, дискутирано е како разноликоста на нашиот етнички состав може да се искористи во полза на локалната заедница и пошироко. Охрид, отсекогаш бил гостопримлив, со долга традиција на мирен соживот, која се негува до ден денес