ПРЕДМЕТ: Барање за прибирање понуди
1. Поднесувач на барањето е ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид. со адреса ул.Димитар Влахов бр.71
2. Предмет на барањето: изработка на фотографии, изложбено табло, алманах и папки за дипломи за учениците од завршните класови во учебната 2022/2023 год.
Понудата треба да содржи:
а) Цена по ученик за:
– фотографии: 6 фотографии 6х9 цм.(една е за таблото) и 4 фотографии со големина 13х18 цм., изработени во колор техника;
– папка за диплома со лого од гимназија;
– алманах од Генерацијата 2022/2023 во црно бела штампа и корица тврд повез во колор (на предната или задната страна да е обавезно Гимназиската зграда);
– изработка на голема изложбено табло (со димензија зависно од бројот на учениците во генерацијата) и урамување на истото кое останува во сопственост на Училиштето; Истото да биде обврска да го истакне во потегот од СТАР ЧИНАР до плоштад во период 15-05-2022 до 15-06-2022 година. Понудата за таблото да биде алтернатинвно и во црно-бела и во колор варијанта.
б) Услови кој треба да ги исполнува фирмата-понудувач (не занаетчиска фирма):
– ИЗВОД од регистрација на дејност (приоритетна дејност фотографска ) и тековна состојба НЕ ПОСТАРА од 3 месеци;
– претходно изработени фотографии и алманах (од фирмата понудувач) за оценување на квалитетот
– изјава од понудувачот дека фотографирањето ќе се изведе во студио со посебен простор за пресоблекување на учениците и тоалет;
– изјава дека понудувачот ќе ја заврши работата во рок кој ќе го договори со матурантите и нивните обврски
– потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност
в) НАПОМЕНА:
– алманахот и папката да бидат во исти дезен и боја.
– цената да биде дадена алтернативно за табло во црно-бела, односно колор варијанта
3. Понудите да се достават во писмена форма (затворено плико) на адреса ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид ул.Димитар Влахов бр.71
4. Краен рок за доставување на понудите е 03.03.2023 год.
5. Критериуми за избор на најповолна понуда:
– најповолна цена (само за тоа што се бара во понудата).
– квалитет на изработка
– рок за изработка
6. За извршениот избор на најповолна понуда, понудувачите ќе бидат известени во рок од пет дена од денот на изборот.
7. Плаќањето за извршената услуга ќе се врши врз основа на склучен договор со училиштето во име на родителите, пред извршување на услугата(фотографирањето), со уплата од страна на учениците ИСКЛУЧИВО на каса од Понудувачот кој се обврзува уредно да издаде ФИСКАЛНА СМЕТКА (како би се избегнале додатни провизии кон Матурантите при уплата во банка, на жиро сметката на Понудувачот.
Комисија од родители на учениците
од завршната година при
ОСУ”Св.Климент Охридски” Охрид