
ПРЕДМЕТ: Барање за прибирање понуди
1. Поднесувач на барањето е ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид. со адреса ул.Димитар Влахов бр.71
2. Предмет на барњето: организирање на свечена матурска вечер за 198 матуранти на ден 20.05.2023 год. од 21 до 02 часот.
Понудата треба да содржи:
– мени (класично со предјадење, главно јадење и десерт)
– цена по лице
Во понудата треба да биде вклучен превоз од училиштето до хотелот-ресторанот и обратно.
Распоредот и седењето на матурантите да биде на класични маси со класични порции храна.
Понудата да биде дадена алтернативно со вклучени три пијалоци или неограничен пијалок. Во понудата за неограничен пијалок да се наведе кои пијалоци ќе бидат достапни.
Капацитетот на просторот да биде за најмалку 220 лица.
Цената да се даде алтернативно:
- со вклучена музика од хотелот – ресторанот и без вклучена музика
- со неограничен пијалок и со вклчуени три пијалоци
3. Понудите да се достават во писмена форма на адреса ул.Димитар Влахов бр.71, или на е-маил mail@gimnazijaohrid.edu.mk
4. Краен рок за доставување на понудите е 03.03.2023 год.
5. Критериуми за избор на најповолна понуда:
– цена
– квалитет на понудата
6. За извршениот избор на најповолна понуда, понудувачите ќе бидат известени во рок од три дена од денот на изборот.
7. Плаќањето ќе се врши врз основа на склучен договор со уплата од страна на учениците на жиро сметката на вршителот на услугата.
Комисија од родители на учениците
од завршната година при
ОСУ”Св.Климент Охридски” Охрид