
Нашите ученици од општествено-хуманистичко подрачје, комбинација Б, на ден 21.02.2023 год. согласно наставната програма по предметот Социологија реализираа посета на Советот на Општина Охрид со цел теоријата да ја преточат во пракса.
Посетата на Советот на Општината имаше за цел учениците да се запознаат со начинот на работа и функционирање на локалната власт и во пракса да видат како се носат одлуки на локално ниво, да согледаат кои се ингеренциите на локалната власт и слично.
Учениците истовремено остварија средба со заменик-градоначалникот на Општината, Перчо Божиноски кој ги запозна гимназијалците со начинот на функционирање на Локалната самоуправа, при што тие имаа можност да поставуваат прашања за теми кои ги засегаат младите.
Цели на реализираната посета на Советот на Општината беа партиципација на учениците во животот на Општина, нивна партиципација во носењето на одлуки на локално ниво, детектирање на важноста од постоење на Локалната самоуправа , развој и ширење на демократската култура во средните училишта како и можност учениците да го изразат своето мислење, да учествуваат во креирање на политики во рамките на Општината, да учествуваат во носењето на одлуки и да бидат креатори на промени.
Учениците изразија големо задоволство од дадената можност да сугерираат решавање на некои локални проблеми и да дадат предлози за реализирање на некои, за нив важни проекти.


