
Денес завршува професионалниот ангажман на нашиот колега Славе Ѓорѓо Димоски како професор по македонски јазик и литература. Нашата Гимназија со посебна почит му се заблагодарува за сите поминати работни години во Гимназијата, за неговиот особен придонес и безграничната поддршка во остварувањето на образовните и воспитни цели како професор по македонски јазик и литература. Иако ги започнува своите пензионерски денови, тој продолжува да биде дел од светот во кој е познат и признат во меѓународни рамки, а тоа е пишаниот збор. Му посакуваме мирни пензионерски денови, а воедно и успешна и плодна работа на литературно поле.
