
На ден 17.3.2023 на Институтот за математика се одржа Шестиот семинар „Математика и примени“ со научно-популарни предавања од областа на теориската и применетата математика. На истиот учествуваа учениците од трета година Горазд Блажески и Нина Стевоска, под менторство на професор Александра Томоска. Тие се претставија со нивното предавање „Примена на математика во информатика и физика“.
На семинарот се презентираа 18 предавања од страна на универзитетски професори и студенти, а нашите гимназијалци беа единствените средношколци кои со гордост го промовираа името на нашето училиште.
