Во согласност со правилата од грантот за Проектот 2022-2-BE02-KA210-SCH000099135, Go green, include me in, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за аплицирање за учество на 12 ученици, кои преку овој проект би биле вклучени во Еразмус+ во мобилностите на Еразмус+ проектот што ќе се одржат во Турција, Белгија и Шпанија почнувајќи од септември 2023 година
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:
- Мотивационо писмо;
- CV
- Пополнет формулар (кој може да се преземе од педагошко-психолошка служба или од ТУКА ).
Документацијата се доставува до секретарот на училиштето не подоцна од 30.03.2023 година.
Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:
Климатски промени и креативни решенија за нивно спречување
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- интерес и искуство со еколошки акции/здруженија
- организација на еко-кампањи и иницијативи
- успех од претходната година
- поведение
- мотивационо писмо
- усна презентација
Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти.