Нашата Гимназија беше домаќин на претставниците од Меѓународниот Балкански Универзитет кој пред нашите матуранти ја претставија програмата и студиските програми на овој универзитет. Исто така, беше потпишан и меморандум за соработка меѓу нашата Гимназија и Универзитетот со што би се продлабочила соработката меѓу овие образовни институции и во иднина.