Учениците од нашата Гимназија дел од филмска проекција во склоп на едукативната програма на Филозофскиот Филмски Фестивал од Скопје

Во просториите на Универзитетот за информатички технологии „Св Апостол Павле“ се одржа проекција на шпанскиот класик, филмот „Духот на улиштето“ на Виктор Ерис. Оваа проекција е во склоп на Средношколската видео лектира која е дел од едукативната програма на Филозофскиот Филмски Фестивал од Скопје. Целта на СВЛ е организирано гледање на филмски класик и пишување есеј во рамките на конкурсот за најдобар фил(м)ософски есеј на тема инспирирана од филмот. Оваа година, учениците ќе пишуваат есеј на тема: „Детската игра, фантазијата и соочувањето со конечноста на животот“. И учениците од нашата Гимназија беа дел од оваа проекција и ќе учествуваат на конкурсот под менторство на професорите по филозофија Јане Богоески и Тања Билко. Им посакуваме успех!