
На 8.4.2023 на Техничкиот факултет во Битола се одржа Регионалниот натпревар по физика. На натпреварот нашите ученици успешно ја претставија Гимназијата и се пласираа на државниот натпревар.
Од прва година Дарио Павлески – I награда, Горазд Тримчев – III награда, Илија Волканоски – пофалница, а Софија Ставрева пласман на државен натпревар, ментор Виолета Никовска.
Од втора година Ивана Базгалоска ментор Јасмина Јанева имаше успешно учество на регионалниот натпревар.
Од трета година Горазд Блажески – I награда, Константин Лушевски – II награда и Нина Стевоска –III награда , ментор Димитрија Паункоски.
Од четврта година Кристијан Шишкоски – I награда и Ева Китрозоска – II награда, ментор Јасмина Јанева.