Во посета на законодавниот дом

Учениците од нашата гимназија на ден 28. 04.2023 год. беа во посета на Собранието на Република Македонија.
Посетата на Собранието е со цел учениците да се запознаат со начинот на работа на законодавниот дом, неговото функционирање и во пракса да согледаат кои се ингеренциите на Парламентот. Посетата се реализираше како дел од целите и задачите на предметот социологија.