Во чест на нашиот преубав јазик !

На денешен ден пред 78 години е донесено Решението за утврдување на македонската азбука со 31 буква. Владата ја прифатила азбуката на 5 мај 1945 година и прогласот бил објавен во весникот „Нова Македонија“.

Да и останеме верни на традицијата и да пишуваме кирилица! Да ја негуваме нашата азбука и македонскиот јазик!

Во чест на нашиот преубав јазик !

Љубов – Гане Тодоровски

Милувам прашинка да си,

тих повеј да ми те донесе…

Прашинка љубов, прашинка ништотна,

прашинка невидна,

но сепак љубов, сепак љубов.

Дај да те имам во дланкиве

Нетежина, Несетило.

Дај да поверувам дека си во мене,

стуткана некаде во мене.

Милувам прашинка да си,

Тих повеј да ми те донесе…

Како што на пролет цветниците зачнуваат

дај да те заплодам,

за да се родиш во мене

љубов богатница, љубов имовита,

љубов плод љубов надрочен.

Милувам прашинка да си,

тих повеј да ми те донесе…

Но, јас те имам немаштино

најтрајна недостиг,

најблиска недофат,

најголем недорек,

па место грижата за тебе

поначесто сум доволен од себеси.