Над 800 книги донација за библиотеката од фамилијата Филипчеви

Над 800 книги е донацијата за нашата библиотека од страна на Славко и Борис Филипчеви. Во книгите има лектирни изданија, детска литература, стручни книги од различни области, бестселери од домашни и странски автори, енциклопедии, речници и друга литература.
Само со соработка во заедницата се гради меѓусебна почит, се вложува во учениците и се шири љубовта кон книгата, литературата, творештвото и јазикот.
Учениците Андреј Ангелоски, Александар Ковачески, Филип Филиповски и Даниел Митрески заедно со професорот по Македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски имаа директна можност да се сретнат со почитуваниот г. Славко Филипчев во неговиот дом и да поразговараат околу насловите кои ги заинтересираа, но и воопшто за целиот книжен фонд кој е достапен за сите ученици.
Директорката Светлана Велкоска им додели Благодарница за донацијата и збогатувањето на гимназиската библиотека.
„Читањето е најдобро учење.“ – А. С. Пушкин