
Во периодот од 24 до 28 април 2023 година, тројца наши ученици Андреј Трајкоски, Никола Рибароски и Климент Јанкулоски придружувани од прoфесорките Александра Томоска и Елизабета Левеска успешно ја реализираа последната фаза од проектот „Let’s change the world with Renewable Energy”, овој пат во Острешов, Полска. Домаќините, I Liceum Ogolnoksztalcace im. Marii Sklodowskiej-Curie w Ostrzeszowie , имаа за задача да се претстават со активности на тема „Одржлива енергија, дизајнирање паметен, зелен градски режим„ на партнер училиштата од Словенија, Латвија, Турција, Белгија и Македонија.
Во првиот ден започна авантурата на самата мобилност.Беше реализирана мала прошетка околу гимназијата а потоа следуваа игри како ice-breaking activities за подобро запознавање и интеракција помеѓу учениците.
Вториот ден имаше посета на градот Варшава ,прошетка низ стариот дел од градот, како и посета на еден од најпознатите центри за наука The Copernicus Science Centre . Третиот ден на оваа програма продолжи во I Liceum Ogolnoksztalcace im. Marii Sklodowskiej-Curie w Ostrzeszowie каде што се одржааниза активности.
Следниот ден мобилноста се одвиваше во градот Вроцлав, каде што се посети The Wrocław University. Таму се присуствуваше на експериментален час , каде учениците имаа можност дa учествуваат во самото изведување на експериментите информирајќи се за интересни факти, за предвидување на временска прогноза врз основа на видот и типот на облаците. Потоа следуваше делот на изработка на презентации и реализирање на истите .
Учесниците дури и заиграа по чекорите на Мазурката на главниот плоштад на Вроцлав.
Ова повторно беше едно збогатувачко искуство и за нашите ученици и за нашите професори кои ќе ги пренесат и научените информации и впечатоците на своите соученици и колеги за да ги инспирираат да учествуваат во вакви проекти во што поголем броj.



