
Во рамките на проектот “Flipping home and school in teaching/learning process” координиран од
Полска, заедно со партнер земјите Турција, Белгија и Шпанија, наш тим составен од учениците
Симона Симоновска, Димитар Назифоски, Марко Дуданов и Бојана Цветкоска придружувани од
професорките Катерина Слатинова и Славица Кичеец успешно реализраа уште една мобилност,
овој пат во Даугавпилс- Латвија.
Темата на оваа мобилност, во рамките на проетктот посветен на иновативни техники за
предавање и учење преку дигитални алатки и апликации, беше употребата на ChatGPT како алатка
за засилено учење. Преку работилници и практични примери, учениците, но и наставниците имаа
можност да се запознаат со разновидноста на употребите на оваа апликација.
Покрај работниот дел на посетата, неизоставен дел беше и запознавање со културата на оваа
прекрасна земја. Па така, учесниците на проектот беа во разглед на Даугавпилс , град втор по
големина во Латвија кој е најзначаен железнички и индустриски центар во земјата.
При посета на Регионалниот Музеј за уметност, учесниците беа дел од работилница за изработка
на витраж каде што самите си изработија сувенири од стакло.
Вториот ден, посветен на градот Аглона помина во посета на Музејот за леб каде што освен
запознавањето со традиционалниот начин на изработка на ‘ржан леб, секој од учесниците имаше
можност сам да си изработи домашен ‘ржан леб .
Активности беа организирани и во Иновативниот Центар на Даугавпилс, а особено интересна
беше посетата на гардот Јурмала кој е туристички центар и се наоѓа на брегот на Балтичкото море.
Целиот престој беше збогатен со неминовната посета на главниот град Рига, неговиот стар дел со
своите катедрали, музеи, замоци.
И оваа мобилност ги збогати нашите ученици и професори со преубави впечатоци од Латвија, ги
иниспирираше да работат уште повредно споделувајќи ги усвоените знаења и практики со цел да
ги поттикнат своите соученици и колеги да учествуваат на вакви проекти што е можно повеќе и
повредно.








