Нека ни е честит 24 мај Денот на големите словенски просветители Светите Кирил и Методиј

„Човече, кажи ни како си им ги создал на Словените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту римскиот папа“? А ние знаеме само три јазика на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејски, елински и латински“. Кирил на тоа им одговорил:
„ Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви? …“
Нека е честит денов во кој ги празнуваме големите словенски просветители Светите Кирил и Методиј кои им дадоа и вид и глас на Словените и го посеаја семето на писменоста што даде род и во нашата Македонија преку дејноста на Светите Климент и Наум.