Дипломи за освоени прво и второ место на литературен конкурс

Ученичките Ева Трифуноска и Ива Јованоска ги освоија првите две места на литературниот конкурс за поезија во категоријата средношколци на ниво на Македонија распишан од Домот на културата „Илинден” – Демир Хисар по повод Светскиот ден на книгата 2023 година.
За своите поетски творби добија дипломи и награди: Ива Јованоска (III-3) за освоено прво место и Ева Трифуноска (IV-8) за освоено второ место под менторство на професорот по Македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски.
Поетската манифестација ја организираа Дом на културата „Илинден” во Демир Хисар, Народна библиотека „Петре М. Андреевски“ и Литературен клуб „Изгрев“.
Твориме, создаваме и зборуваме на нашиот убав македонски јазик, го негуваме убавиот пишан збор и ја збогатуваме нашата убава македонска литература.