ОСУ „Св. Климент Охридски“ искрено жали занастанатиот несакан проблем

Во врска со денешните случувања околу полагањето државна матура како институција засегната во случајот со нашата ученичка сакаме да ја информираме јавноста дека искрено жалиме што се случува ваков несакан проблем и наша заложба е да помогнеме и да излеземе во интерес на матурантката и родителите.
Сакаме да потенцираме дека списоците за верификација на податоците за државна матура беа доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ. И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции.
На ученичката ќе и биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија.