Во посета на Музејот на македонската борба

Во рамките на проектната активност „Урбана култура“, на ден 23 мај 2023 година, професорите Звонко Трпески, Михаил Патчев и помошник директор Билјана Стевоска, заедно со учениците од нашето училиште имаа можност да го посетат Музејот на македонската борба. Дел од нив за прв пат влегоа во музеј, некои за прв пат беа во овој дел од градот, а сигурно е дека сите за прв пат погледнаа сликовито прикажување на историскиот континуитет на македонската револуционерна борба. Посетата беше од научно едукативен карактер. Воедно, беше реализирана и посета на Музејот на холокаустот, кој претставува специфично дело на современата архитектура. Се наоѓа на просторот на некогашното Еврејско Маало во Скопје. На Музејот, односно на неговата појава може да се гледа како на трансформирана слика на просторот каде што некогаш опстојувале Евреите, како негово повторно оживување во контекст на денешницата. Практично, Музејот создава приказна која го поттикнува посетителот на размислување и ја приближува сликата на „настанот“ до него. Освен музеите, беше извршено и разгледување на историските споменици, на кои се претставени познати личности од македонската историја.