
На 31 мај 2023 г. во Кинотеката на Р. Македонија се доделија наградите од натпреварот по Филозофија и македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада. Исто така беа доделени и награди од Конкурсот за најдобар фил(м)ософски есеј. Есејот беше дел од Средношколската видео лектира, сегмент од Едукативната програма на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ). Годинава околу 500 ученици од 13 училишта (11 градови) имаа можност да го погледнат шпанскиот класик „Духот на улиштето“ од Виктор Ерисе (1973), а потоа да пишуваат есеј на тема: „Детската игра, фантазијата и соочувањето со конечноста на животот“. Нашата ученичка, Теодора Лазеска под менторство на професорот Јане Богоески го освои првото место на конкурсот за најдобар фил(м)ософски есеј и се здоби со вредни награди: сертификат, паричен хонорар и книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) и ФФФ, годишна стипендија од Универзитетот Еуропа Прима, книги и курс по шпански јазик од Амбасадата на Шпанија во Скопје, книги од издавачката куќа „Аз-Буки“, филмови од Кинотеката на Р. Македонија

