
Свои поетски творби под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски имаа ученичките: Ева Трифуноска (IV-8) ,,Соѕвездие од пролетни соништа” и ,,52”,
Кјара Лазаревска (III-1) ,,Сивиот човек” и ,,Овената роза”,
Наталија Секулоска (III-1) ,,Долговековност” и
Сара Петкоска (II-7) ,,Татковината во срцето, во душите и во мислите” и
Ана Томоска (I-8) ,,Надеж”, ,,Мојата долина”, ,,Јаве и сон”.
Златни деца кои затропаа на триумфалната порта на литературата, каде низ кориците на збирката расеани се никулците кои се фатија во костец со јазикот и кои ќе продолжат да ја разгоруваат јазичната искра и ќе го развиорат духовниот оган на македонскиот јазик.
Издавач на книгата е градоначалникот на Охрид, Д-р Кирил Пецаков, а нејзин промотор беше Славе Ѓорѓо Димоски.


