
Од 22 до 26 мај, нашето училиште беше домаќин на мобилноста во рамките на Еразмус + проектот: „ Thrue art to art, theatre of the item“, на кој учествуваа училишта од 6 земји: Македонија, Грција, Бугарија, Турција, Романија и Полска.
Во рамките на мобилноста, во нашато училиште се изведоа 2 работилници: едната за изработка на театарски маски под менторство на професорката по ликовна уметност Катерина Слатиноска, а другата работилница за театарска игра ја водеа професионалните актери од Охридскиот народен театар, Никола Тодороски и Филип Кипровски.
Исто така, како финален продукт од целокупната работа во овој проект, се изведоа последните три театарски едночинки подготвени од учениците од Македонија, Турција и Грција.








