Среќно во Токио!

Денеска во кабинетот на градоначалникот на Охрид, Д-р Кирил Пецаков на средба беа Кристијан Шишкоски, еден од средношколците во тимот на Македонија на Олимпијадата по физика во Токио и првенец на генерација заедно со директорката на Гимназијата, Светлана Велкоска.

Повод на денешната средба е заминувањето на Кристијан на Олимпијадата по физика во Токио, а Градоначалникот на негово огромно задоволство искажа безрезервна поддршка со цел тргнување и учество на Олимпијадата.

Посакувајќи му успех и да освојува уште многу награди и признанија со своите знаења, кои се гордост на нашата Гимназија, на нашиот Охрид и воопшто на Македонија.

Среќно Кристијан на Олимпијадата и уште поголеми успеси во иднина!