
Во период од 2 до 6 јуни нашето училиште беше домаќин на 21 професор од Латвија, Турција,
Шпанија и Полска во рамките на проектот “Flipping home and school in teaching/learning process”-
“Замена на улогите на домот и училиштето во процесот на предавање/учење”.
При оваа посета, предводени од нашите професорки Надица Николоска Филипоски, Александра
Томоска, Христина Кузманоска и Марија Чанова, гостите работеа на дигитални алатки кои можат
да го збогатат процесот на предавање и учење и значително да го подобрат.
Конкретно се работеше на платформата ClassFlow која им нуди и на професорите и на учениците
голем број разновидни активности, квизови, тестови и интерактивни часови кои го прават учењето
и полесно и поинтересно, а на наставниците им овозможуваат искажување на нивната
креативност и подготовка на интересни предавања. Ваквите дигитални алатки и платформи
овозможуваат на професорите да бидат во тек со новите начини на предавање кои бараат
прилагодување на потребите на современото време и на самите ученици.
Покрај работниот дел, гостите имаа можност да се запознаат и со историјата, културата и
природните убавини на нашиот град, да вкусат традиционална храна, да слушнат и
традиционална музика, па така, дома ги испративме со прекрасни впечатоци и од нашиот град и
од нашата земја каде што ветија дека ќе се вратат.
Оваа завршна средба го заокружи проектот и ги збогати со знаење и искуства и професорите и
учениците кои беа дел од него. Затоа нашето училиште продолжува со успешната приказна
наречена Erasmus+ на која што посветено работи веќе една деценија, а ќе продолжи да работи
уште многу години со единствена цел- креирање успешни ученици во сите сфери водени од
успешни професори кои неуморно работат да го постигнат тоа.








