„Костал“ донираше компјутерска опрема за охридската гимназија, наскоро ќе биде потпишан меморандум за соработка

Во насока на унапредување на квалитетно изведување на наставата од областа на природно-математичката насока при охридската гимназија ОСУ „Свети Климент Охридски”, претставници на училиштето заедно со директорката денес остварија посета на „Костал“.

Целта на посетата беше доделување на компјутерска опрема, донација на „Костал“, во насока на отпочнување успешна соработка со гимназијата ОСУ „Свети Климент Охридски”.

На почетокот на следната учебна година нашето училиште ќе го потпише меморандумот за соработка со истоимената фирма.