Kонкурс за учество во Еразмус+ Decreasing the diversities through drama/ 3D

Во согласност со правилата од грантот за Проектот  Еразмус+ проектот  2022-3-МК01-КА210 -YOU –000098960:Decreasing the diversities through drama / 3D, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“ во соработка со Ксанаду Арт, од Охрид  распишува:

К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање за учество на 8 ученика кои во моментот на реализација на мобилностите имаат 17 години, a  преку овој проект би биле вклучени во Еразмус+ програмата, односно мобилностите  што  ќе се одржат во октомври и декември 2023 г. во Волос-Грција и Наполи –Италија.

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:

  • Мотивационо писмо;
  • Пополнат формулар (може да се преземе од самиот оглас на страницата од нашето училиште TУКА).
  •  CV

*** Во формуларот да биде наведено дали се пријавувате за класичен театар или мјузикл !

Документацијата се доставува до секретарот на училиштето не подоцна од 07.09.2023 година. Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:

Theater, dance and music as an art of expression

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

  •  искуство од учество во театарски претстави
  • способност за вокална интерпретација
  • искуство во креативно пишување (литературни конкурси)
  • успех од претходната година
  • поведение
  • мотивационо писмо
  • усна презентација

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици од јазичната паралелка, ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти. 

04.09.2023, Охрид