Претставници од нашата Гимназија промоцијата на книгата ,,Зборот на Конески”

На 6.9.2023 во спомен-домот на Блаже Конески во с.Небрегово беше промовирана книгата ,,Зборот на Конески”. Во книгата,која е издадена од Културен и едукативен центар ,,Небрегово” , се наоѓаат и творби од ученици од гимназијата ОСУ ,,Св. Климент Охридски- Охрид. На самата промоција имаше претставници од нашата Гимназија. Нашата ученичка Јана Сиљаноска од III 7 доби награда за најубава творба и со истата настапи пред присутните.