
И оваа година, нашето училиште е дел од образовниот проект за млади луѓе за светско наследство „Земете ја иднината во ваши раце“, финансиран од Програмата на ЕУ за граѓанска отпорност. Овој проект е инициран како поддршка на иницијативата на Центарот за светско наследство на УНЕСКО и проектите на Мрежата на поврзани училишта ( ASPnet ). Целта на проектот е да се развие иновативен и едукативен пристап за поддршка за зачувување на светското наследство во регионот на Охридското Езеро, како и отпадот и нивно интегрирано управување. Крајната цел е да ја инспирираат и зајакнат посветеноста на младите луѓе, да го зачуваат нашето наследство од регионот на Охридското Езеро, како и да помогнат во премостување на јазот меѓу училиштето и општеството преку обезбедување стимулативни активности кои промовираат вклученост на заедницата. За оваа активност на 20.09.2023 г. беше спроведен информативен состанок меѓу шест училишта во кој беа вклучени и десет наши гимназијалци.




