
Од 24. 9 до 27.9 во Струга се оддржа проектот EmpoweredEd организирано од LEAD .Учество зеде и нашата Гимназија со свои претставници, две ученички од трета година и педагогот на училиштето Кристина Танеска. Нашата гимназија, заедно со уште 7 училишта ширум Македонија, беше избрана во процесот – креирање модел за ко-менаџмент тело наменето за средните училишта, прво од ваков вид. Креирањето на ова тело значи дека во средните училишта учениците, наставниците и училишните служби, ќе добијат можност заеднички да дискутираат како рамноправни партнери и да носат одлуки кои се однесуваат на секојдневниот училишен живот. Процесот на креирање на ова ко-менаџмент тело предвидува дефинирање на структура на телото, неговa цел и мандат, начин на работа, како и права и обврски на членовите на телото. Во тие, четири дена интензивна работа, учениците и наставниците успеаја да го подготват и креираат тоа ко-менаџмент тело кое во најскоро време треба да се имплементира во овие 8 училишта, а потоа и ширум целата држава.







