
Во согласност со правилата од грантот за Проектот Еразмус+ проектот 2023-1-PL01-KA210-YOU-000167145 Eco-Systems кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“, од Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за аплицирање на 4 ученика од I година кои преку овој проект за еко-системи би биле вклучени во Еразмус+ програмата , односно мобилностите што ќе се одржуваат во периодот помеѓу април и ноември 2024 во Португалија.
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:
- Мотивационо писмо;
- CV;
- Пополнат формулар (може да се преземе ТУКА или во психолошко –педагошката служба).
Документацијата се доставува до секретарот на училиштето, не подоцна од 13.10.2023 година. Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:
Endemic species play a vital role in maintaining the ecological balance of their native ecosystems
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- учество во еколошки акции
- општи познавање за значењето на еко-системите
- успех од претходната година
- поведение
- мотивационо писмо
- усна презентација
Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици од природно-математичките паралелки, ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти.
04.10.2023, Охрид Директор: Светлана Велкоска